Бове можеби веќе нема да смее да игра во Серија А, ќе треба да оди надвор од Италија?

by riste
1 минути читање
Бове

Едуардо Бове минатиот викенд го потресе фудбалскиот свет откако се сруши на теренот на мечот меѓу Фиорентина и Интер.

За среќа најстрашното мина, но врз Бове уште се прават тестови за да се утврди вистинската дијагноза, причината поради која доби срцев удар.

Весникот „Ла Насионале“ пренесува дека Бове е пренесен од оделениот за интезивна нега на кардиологија и врз него ќе биде направен нов круг на тестирање.

Ако тестовите покажат дека срцевиот удар бил предизвикан од неправилна работа на срцето, тогаш ќе му биде вграден дефибрилатор, а со него е забрането да се игра во Италија.

Од истата причина Кристијан Ериксен го напушти Интер и се пресели во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×