154
Најтрофениот македонски фудбалски клуб Вардар е пред промоција на големо засилување за средниот ред.
Се работи за репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов. По разделбата со Кишварда на крајот на минатата сезона 30-годишникот остана без клуб и беше во потрага по нова средина. Сега Николов е пред потпис со вардарци, што ќе биде кам-бек во клубот за кој настапуваше од 2015 до 2018 година.
Вардар беше отскочна даска за Николов во минатото, а сега се враќа и ќе помогне во обидот клубот да се врати на стабилни нозе.
Инаку Бобан Николов во кариерата настапуваше за Шериф, ФЦСБ, Лече, Видеотон, Академија Хаџи, а има и 49 настапи за репрезентацијата на Македонија.