145
Звонимир Бобан зборувајќи за „Скај Спортс“ го искритикува својот поранешен клуб Милан за трансфер политиката.
Тој му замерува на клубот за продажбата на Сандро Тонали на Њукасл.
„Милан го продаде Тонали, нивниот најдобар италијански фудбалер кој беше длабоко врзан за дресот. Разочарувачки беше да се види како тој го напушта Милан и за овие работи ја плаќате цената. Тој за да дојде во Милан го одби Јувентус кој имаше понуда до Бреша од 42 милиони, ова се вредности кој никогаш не треба да ги загубите“, изјави Бобан.