521
Битолски Пелистер промовира уште едно големо засилување за следната сезона во која пак ќе игра во ПМФЛ.
Во таборот на Влатко Костов пристигна крилниот фудбалер Бобан Георгиев кој минатата сезона беше еден од најдобрите асистенти во лигата играјќи за Воска Спорт. 27-годишниот фудбалер имаше 11 асистенции на 28 натпревари, а следната сезона ќе настапува за битолчани.
Кариерата на Георгиев го водеше од Металург до Брегалница и Силекс, па во Радник Сурдулица, Борац Бања Лука, Брегалница, Леотар и Воска.