71
Карим Адејеми одигра одличен натпревар за Борусија Дортмунд во натпреварот против Селтик и постигна хет-трик за само едно полувреме во победата над Селтик од 7:1.
Адејми стана еден од ретките фудбалери со хет-трик за едно полувреме, но потоа се повреди и мораше да го напушти теренот во 48. минута.
По натпреварот тој изрази надеж дека не станува збор за ништо сериозно.
„Се надевам дека не е ништо серозно и очекувам брзо да се вратам. Ова беше посебен натпревар за мене, мој прв хет-трик, нои и за тимот. Постигнавме седум голови што е секако фантастично. За мене лично си поставив високи цели, започнав добро и скоро секој удар беше гол“, изјави 22-годишниот фудбалер.