Блеска како во најдобрите денови: Хамес сруши рекорд на Копа Америка

by Стефан
1 минути читање

Заедно со Европското првенство во самата завршница влегува и натпреварувањето на Копа Америка, а таму во внимание привлекува и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез.

Колумбиецот игра одличен турнир во дресот на репрезентацијата на Колумбија и потсетува на најдобрите денови.

Во последниот натпревар против Панама кој Колумбија го доби со 5:0. Родригеза постигна еден гол и двапати асистираше и тоа во првото полувреме.

Така Родригез стана првиот фудбалер кој учествувал во три гола за едно полувреме на натпревар од Копа Америка. Кога ќе се погледне од почетокот на турнирот Хамес има еден гол и пет асистенции, па така е еден од најважните во колумбиската селекција.

Противник на Колумбија во полуфиналето ќе биде Уругвај, додека во втората полуфинална пресметка се среќаваат Аргентина и Канада.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани