Блеска за Шпанците на ЕП, а има „ситна“ откупна клаузула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, е еден од хитовите по првите две кола на Европското првенство.

Шпанците својата игра ја базираат на младите крила Ламин Јамал и Вилијамс, кои ја оправдуваат довербата на селекторот Де ла Фуенте. Овие големи натпреварувања обично се одлична појдовна точка за голем трансфер на младите ѕвезди, а по тој пат би можел да тргне Нико Вилијамс.

21-годишникот со сигурност ќе се најде на мета на големите клубови. Фабрицио Романо откри дека Вилијамс има „ситна“ откупна клаузула на 58 милиони евра во Атлетик. Иако не делува дека е преефтин, во однос на цените кои се плаќаат на денешниот маркет – Вилијамс е премија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани