161
Европското првенство е во завршната фаза, се игра нокаут рундата и сега се најголемите возбудувања. По комплетирањето на осминафиналето, познати се паровите во фазата на осумте најдобри.
Таму Германија ќе се судри со Шпанија, а вкрстуваат со подобрите од мечот на Франција и Португалија. На другата страна на костурот Англија ќе игра против Швајцарија и се вкрстува со победникот од натпреварот на Турција и Холандија.
По крајот на осминафиналето немаше некоја драстична промена на фаворитите. И натаму веројатно поради страната на ждрепката прв фаворит е Англија, но многу близу според шансите е Шпанија, па следат Франција и Германија.
- Листа на фаворити за освојување на ЕП:
- Англија – 4,5 коефициент
- Шпанија – 5 коефициент
- Франција – 5,5 коефициент
- Германија – 5,5 коефициент
- Холандија – 8 коефициент
- Португалија – 10 коефициент
- Швајцарија – 15 коефициент
- Турција – 35 коефициент
Четвртфиналните пресметки се играат во петок и сабота.