Благодарение на Салихамиџиќ, Баерн ќе добие голема сума од трансферот на Зиркзе во Јунајтед!

by riste
1 минути читање

Џошуа Зиркзе денеска треба да го комплетира трансферот од Болоња во Манчестер јунајтед вреден 42 милиони евра, половина од оваа сума ќе заврши на сметката ан Баерн Минхен.

Кога Баерн Минхен го продаваше Зиркзе на Болоња, во клубот уште беше Салихамиџиќ и тој ги водеше преговорите.

Салихамиџиќ издејствува во договорот со Болоња да има клаузула според која Баерн Минхен ќе добие дури 50 проценти од следната продажба на Зиркзе.

Тоа значи дека од 42 милиони евра колку што ќе плати Манчестер јунајтед, половина се за Болоња, а половина за Баерн Минхен.

Манчестер јунајтед нема евтино да го чини трансферот на Зиркзе, тие се согласија да платат и 15 милиони евра провизија на неговиот агент. Милан одби да ја плати оваа сума и затоа таа зделка не се реализираше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани