Екипата на Болоња е апсолутен хит во италијанската Серија А, а доколку се пласира во Лигата на шампионите нешто до кое е многу блиску еден од најзаслужните ќе биде Џошуа Зиркзе кој постигна 11 голови на 32 натпревари.
Холанѓанецот како талентиран младинец премина од Феенорд во Баерн, но во германскиот шампион никогаш не доби вистинска шанса.
Следеа позајмици во Парма и Андерлехт додека Болоња не одлучи да го доведе летото 2022 година за сума од 8.5 милиони евра. Сега имаат прилика одлично да заработат.
Интерес за Зиркзе има од клубови како Интер, Милан, Јувентус и Арсенал, а најблиску барем според пишувањето на медиумите на „Чизмата“ е „старата дама“.
Треба да се знае и дека Баерн има опција да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра, но засега не е познато какви се намерите на германскиот гигант. Ако Зиркзе премине во друг клуб, тогаш баварците ќе имаат и 40% од сумата од тој трансфер.
Пред Зиркзе е и настапот со Холандија на Европското првенство. Најавите во овој момент се дека Болоња би била задоволна со 50 милиони евра.