С.Ц. Борис Трајковски 4-6(4-1) Тиквеш
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 14’ 17’ Филип тодоровски 13’ Јован Димовски 20’
Тиквеш: Ервин Ризаов 13’ Деко Марков 24’ 33’ 34’ Амар Елмази 3’ 39’
Осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Тиквеш, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Ваквата отворена игра и донесе рано водство на екипата на Тиквеш во 3та минута со погодокот на Елмази, по ова рано водство екипата на С.Ц. Борис Трајковски започна со нешто поагресивна игра во нападот што им донесе израмнување 13та минута со погодокот на Тодоровски а потоа и целосен резултатски пресврт со погодокот Стојановски. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да стекне дополнителна предност и на паузата да замине со позитива од 4-1. Во второто полувреме екипата на Тиквеш го подигна нивото на игра и од минута во минута ја топеше разликата која ја имаше стекнато С.Ц. Борис Трајковски, а во 33та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување со резултат од 4-4. Во продолжението на полувремето екипата на Тиквеш со третиот погодок на Марков успеа да дојде до повторно водство од 4-5. До крајот на натпреварот екипата на Тиквеш успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар да слави со 4-6.
Лукоил со пресинг во предно поле до победата над Аџибадем Систина
Лукоил 6-2(2-2) Аџибадем Систина
Лукоил: Александар Георгиевски 19’ Горан Стојанов 33’ Лоренцо Николоски 25’ Петар Лефков 6’ 40’ Димитар Иванов 21’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 9’ 20’
Одличен старт на двете екипи во дуелот помеѓу Лукоил и Аџибадем Систина, двете екипи започнаа со отворена игра и акцент ставен на нападот. Екипата на Лукоил прва го отвори резултатот со погодокот на Лефков во 6та минута од полувремето, ова ја примора екипата на Систина да започне со нешто поагресивна игра и да дојде израмнување во 9та минута со погодокот на Димковски. Во остатокот од полувремето двете екипи продолжија со цврста игра и силен притисок кон противничките голови. Екипата на Лукоил преку голманот Георгиевски во 19та минута од полувремето успеа да го изненади противникот и да поведе со 2-1, на што следеше брз одговор од Аџибадем Систина преку Димковски за резултат од 2-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Лукоил одма започна со силен пресинг во предно поле што им донесе водство во 22та минута со погодокот Иванов. Екипата на Лукоил продолжи со одлично темпо на игра и од минута во минута го зголемуваше водството, екипата на Аџибадем Систина се обидуваше со измени на играчите во ротација резултатски да се врати во натпреврот но Лукоил одлично ја постави играта во одбраната ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар славеше со 6-2.
Мартин Дамевски со два гола во финишот и донесе победа на Халк Банка над Атлантик Груп
Халк Банка 6-3(3-3) Атлантик Груп
Халк Банка: Дарко Крстевски 17’ Алпер Тахир 9’ Мартин Дамевски 36’ 39’ Дејан Петковски 13’ 38’
Атлантик Груп: Мирослав тодоровски 17’ Бојан Петковски 20’ 20’
Екипите на Халк Банка и Атлантик груп претпазливо го започнаа првото полувреме, со игра на средината на теренот и точни додавања чекаа на грешка на противникот за да дојдат до отворена шанса за погодок. Како одминуваше времето така се подигаше и темпото на игра, екипата на Халк Банка прва го отвори резултатот во средината на полувремето со погодокот на Тахир, на негому се приклучи и Петковски само две минути подоцна за водство од 2-0. Екипата на Атлантик со брз конра напад успеа да намали на 2-1, но сепак Халк Банка имаше брз одговор и успеа да зголеми на 3-1. Сепак во финишот на полувремето кај екипата на Атлантик Груп блесна Петковски кој со два погодоци во низа успеа да го израмни резултатот на 3-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со цврст и израмнет фудбал двете екипи имаа одлични шанси за реализација но голманите не дозволуваа лесни погодоци. Во втората половина од второто полувреме кај екипата на Халк Банка одличен беше Дамевски кој со два погодоци ја зголеми предноста на Халк Банка. Екипата на Атлантик Груп се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но немаше успех во тоа па на крајот Халк Банка славеше со 6-3.
Макстил со голман играч не успеа да ја изненади УНИКА
УНИКА 4-1(2-1) Макстил
УНИКА: Љуљзим Каштањева 32’ Аднан Лимани 4’ 37’ Донард Бајрами 4’
Макстил: Бојан Неделковски 20’
Одличен почеток на екипата на УНИКА во дуелот со Макстил, тие уште на самиот почеток на натпреварот наметнаа виското темпо на игра што им однесе погдооци уште во раната фаза. Во 4та минута Бајрами го отвори резултатот за 1-0 а во истата минута му се придружи и Лимани за 2-0. По оваа негатива екипата на Макстил започна нешто поотворена игра со цел да створи вишок во нападот и да дојде до изгледна шанса за гол. Екипата на Макстил вршеше константен притисок и во самата завршница на полувремето во 20та минута со погодокот на Неделковски успеа да намали на 2-1. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра екипата на УНИКА по недозволена игра остана со играч помалце што Макстил не успеа да го искористи за да дојде до погодок за израмнување ова го казни УНИКА и во 32та минута со погодокот на Каштањева зголеми на 3-1. Во втората половина од второто полувреме екипата на Макстил во своите редови внесе голман играч со цел да дојде до израмнување, екипата на УНИКА ја смири играта и преку брз контра напад успеа да го изненади Мастил за зголемување на водството на 4-1 резултат со кој славеше во овој дуел.