Бизнис лига: Лукоил со одлично второ полувреме до бобеда над Кромберг & Шуберт

by riste
5 минути читање

Кромберг & Шуберт 3-5(1-2) Лукоил

Кромберг & Шуберт : Иве Трифуновски 8”, 36”, Тони Вељановски 40”

Лукоил : Петар Лефков 13” 38”, Лоренцо Николовски 19” 25”, Горан Стојанов 26”

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Кромберг & Шуберт и Лукоил. На двете страни се играше цврста одбрана со која и двете екипи не дозволуваа отворени шутеви кон голот. Прва до водство дојде екипата на Кромберг & Шуберт преку Трифуновски 8”, кој со одлично изработена акција успеа да му донесе водство на својата екипа. Екипата на Лукоил преку Лефков 13” со гол од речиси пола терен го израмни резултатот на 1-1. И двете екипи играа егал се до втората половина од првото полувреме кога судијата Димитриевиќ досуди исклучување на двете страни. Во ваквата поставеност со играч помалце екипата на Лукоил беше по снаодилива па поведе со 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Лукоил заигра нешто по офанзивно со што доаѓаше до изгледни шанси за гол. Овие шанси Лукои успеа да ги реализира па го зголеми водството на максимални 1-4, по што следеше офанзива на Кромберг & Шуберт кои намалија на 4-2. Екипата на Лукоил не дозволи целосен пресврт, играјќи ја својата препознатилива игра ја задржа предноста па на крајот славеше со конечен резултат 3-5.

Дуото Петковски – Тахир со пет гола и донесоа победа на Халка Банка во дуелот со Тиквеш

Тиквеш 4-7(2-4) Халк Банка

Тиквеш : Дамјан Петревски 18”, Деко Марков 20” 40”, Амар Елмази 24”

Халк Банка : Дејан Петковски 10” 12” 19”, Мартин Дамевски 13”, Тирган Кандикјан 29”, Алпер Тахир 32” 39”

Екипите на Тиквеш и Халк Банка овој натпревар го започнаа со стандардните постави. И на двете страни се играше отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Екипите се до средината на првото полувреме не успеаа да ја изненадат противничката одбрана, со што резултато беше 0-0. Во втората половина од првото полувреме кај Халк Банка проработе Петковски кој со маестрална игра во која постигна хет-трик и донесе предност на Халк Банка, но екипата на Тиквеш преку колективна игра и притисок во предно поле успеа да ја намали негативата па на полувремето Халк Банка замина со резултат со 2-4.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Екипата на Тиквеш се обидуваше да ја намали негативата од првото полувреме. Халк Банка играше мирно во нападот, без ризични проигрувањеа кои би му овозможиле на Тиквеш преку контра напад да дојде до израмнување. Во ваквата поставеност Халк Банка успеа да го задржи водството и дојде до победа на овој натпревар од 4-7.

Дуото Димковски – Боневски ја водеше Аџибадем Систина до победа над Нетцетера

Аџибадем Систина 8-7(4-2) Нетцетера

Аџибадем Систина: Влатко Јовановски 1”, Кристијан Димковски 13” 33” 37” 38”, Даниел Боневски 14” 16” 24”

Нетцетера : Филип Савевски 2” 3”, Евгениј Костадинов 24” 35”, Ѓорѓи Марков 38”, Михаил Теговски 38” 40”

Аџибадем Систина и Нетцетера одиграа натпревар кој беше целосно во духот на ферплејот. И на двете страни се играше чиста игра во текот на целото прво полувреме. Прва до водство дојде екипата на Аџибадем Систина во раната фаза од натпреварот преку Јовановски 1”, успеа да поведе со 1-0, но екипата на Нетецетера го имаше во сцоите редови расположениот Савевски кој со два гола во низа успеа не само да израмни туку и да поведе со 1-2. Во тие моменти кај Аџибадем Систина проработе дуото Димковски – Боневски кои успеаа да направат целосен пресврт и да и донесат водство на Аџибадем Систина на полувремето од 4-2.
Поголем дел од второто полувреме екипата на Нетцетера го играше со голман-играч како би можела да направи резултатски приклучок. Екипата на Аџибадем Систина беше одлично поставена во одбраната, па на дозволи Нетцетера со ваквата игра да ја изненади. На крајот на овој натпревар Аџибадем Систина славеше со минимална разлика од 8-7.

УНИКА предводена од Нухиу со тимска игра до победа над Bestway Solution

Bestway Solution 6-13(2-6) УНИКА

Bestway Solution: Петар Стефановски 4” 18” 35”, Марко Неделковски 23” 31” 40”

УНИКА: Аднан Лимани 2” 30”, Арбен Нухиу 3” 10” 26” 27” 38” 39”, Донард Бајрами 7”, Рони Адеми 13” 16”, Шабан Чупи 31”, Фисник Нухиу 36”

Екипата на УНИКА одчично го отвори натпреварот со Bestway Solution. Уште на самиот старт УНИКА влезе максимално мотивирано, решена да стигне до бодовите. Со ваква поставеност УНИКА имаше беспрекорна реализација во делот на нападот што им овозможи да стегнат резултатска предност. Екипата на Bestway Solution преку Стефановски не дозволи УНИКА целосно да се одлепи па на полувремето УНИКА отиде со предност од 6-2.
Во второто полувреме екипата на УНИКА продолжи во ист ритам, играјќи пресинг по целиот терен. Ваквата поставеност вроди со плод и од минута во минута УНИКА го зголемуваше водството. Bestway Solution се обидуваше да најде противигра за вечерва расположената УНИКА но истата не го дозволи тоа, па на крајот славеше со победа од 6-13.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани