Окта 1-10(0-4) Кромберг & Шуберт
Окта: Иван Димитриевски 29’
Кромберг & Шуберт: Александар крстевски 5’ 20’ 37’ Зоран Талвски 25’ Тони Вељановски 16’ 38’ 40’ Иве Трифуновски 4’ 39’ 39’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Окта и Кромберг & Шуберт, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена игра и фокус на нападот. Екипата на Кромберг & Шуберт прва го отвори резултатот во 4та минута со погодокот на Трифуновски на кого му се приклучи Крстевски само минута подоцна за водство од 0-2. По оваа негатива екипата на Окта започна со поофанзивна игра и го користеше својот голман како голман играч како би створила вишок во нападот, со цел да дојде до изгледни шанси за гол. Оваа отворена игра ја искористи екипата на Кромберг & Шуберт за со брз контра напад да дојде до позиција да го зголеми своето водство 0-3. Ова ја примора екипата на Окта да повика тајм аут и да се обиде со тактички измени да ја намали резултатската разлика, но до полувремето не успеа во тоа па замина на паузата со негатива од 0-4. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Окта не успеваше да најде решение за денес расположениот противник. Екипата Окта се обиде со внесување на голман играч да ја намали резултатската разлика но Кромберг & Шуберт со одлична игра во одбраната и брзи погодоци од контра напади успеа да ја осигура победата со висока позитива од 1-10.
ТАВ со цврста одбрана и брзи контри до победа над Аптив
Аптив 0-4(0-2) ТАВ
TАВ: Алексо Новевски 14’ 16’ Дарио Десниќ 30’ Сабри Лесковица 38’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Аптив и ТАВ, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи без да го потценуваат противникот. Екипите имаа ставено фокус на цврста игра во одбраната и својата шанса за погодок ја бараа преку брзи контра напади. Девете екипи имаа по неколку одлчни шанси за погодок но голманите денеска беа на ниво на задачата па не дозволуваа лесен погодок. Кон средината на второто полувреме Новески успеа да го изненади противничкиот голман и да му донесе на ТАВ предност од 0-1, ова дополнително ја мотивира екипата на ТАВ која само две минути подоцна со вториот погодок на Новевски зголеми на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Аптив се обидуваше да ја намали резултатската разлика со поофанзивна игра но ТАВ одлично ја постави одбраната и не дозволи лесен погодок. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со одлична игра, како одминуваше времето се подигаше темпото на игра и екипата на Аптив се почесто се закануваше кон противничкиот гол. Сепак екипата на ТАВ на голот го имаше Насковски кој имаше своја вечер и долично ја чуваше својата мрежа, а преку брзи контри го зголемуваше водството за конечна победа од 0-4.
LC Wakiki со пресврт во второто полувреме до победа над Атлантик Груп
LC Wakiki 7-4(0-2) Атлантик Груп
LC Wakiki: Мустафа Мустафа 33’ 39’ 40’ Фуркан Фетаи 21’ 26’ Адмир Халилович 24’ Есер Сулејмани 35’
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 29’ Благојче Јовчевски 16’ Блегојче Стојановски 38’ Бојан Петковски 11’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на LC Wakiki и Атлантик Груп, двете екипи во ова полувреме влегоа силно митивирани и со отврена од самиот старт често се закануваа кон голот на противникот. Екипата на Атлантик успеа да го отвори резултатот во 11та минута од полувремето со погодокот на Пековски, по оваа негатива екипата на LC Waikiki го зголеми притисокот во предно поле и се почесто се закануваше кон голот на противникот. Ваквата отворена игра ја искористи Атлантик Груп за да најде пукнатина во одбраната на LC Waikiki и да го зголеми водството на 0-2 со погодокот на Јовчевски резултат со кој се змаина на паузата. Во второто полувреме екипата на LC Wakiki ги консолидира своите редови и преку погодоците на Фетаи и Халиловиќ успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2 што го направи второт полувреме вистинска драма. Двете екипи играа динамичен и брз фудбал и на двете страни постигна по еден погодок за резултат од 3-3 во 29та минута. Во завршницата на овој натпревар екипата на LC Wakiki имаше одлична завршница и со погодоците на Сулејмани и Мустафа дојде до предност од 5-3. До крајот на натпреварот екипата на Атлантик Груп се обидуваше со голман играч да ја намали предноста на LC Wakiki, но овие одлично ја поставија играта во одбраната и на крајот славеа со резултат од 6-4.