Макпетрол во ефикасен натпревар до бодовите против Гранит
Макпетрол 12-6(9-2) Гранит
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 13’ 32’ Виктор Доневски 3’ 18’ 20’ Боце Ефремов 4’ 26’ Никола Секуловски 8’ 14’ 17’ 23’ Наум Тауловски 1’
Гранит: Николче Глигуровски 7’ 12’ 22’ Мартин Фотевски 38’ Виктор Нацев 34’ 37’
Одличен старт за екипата на Макпетрол во дуелот со Гранит, тие уште на самиот старт со погодок на голманот успеаа да дојдат до рано водство од 1-0. Ова рано водство им даде дополнителен мотив за да продолжат во висок ритам и до третата минута да ја золемат предноста на 3-0. Гранит по оваа негатива ги консолидира своите редови и успеа да ја намали резултатската разлика на 4-2 до средината на полувремето. Но до крајот на полувремето екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра и успеа резултатски да се одвои со резултат од 9-2 со кој замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Гранит се обиде со голман играч да створи вишок во нападот и резултатски да се доближи но екипата на Макпетрол не дозволуваше противникот да ја стопи големата предност па на крајот славеше со резултат од 12-6.
Во цврст натпревар Џонсон Мети подобри од А1
Џонсон Мети 3-1(2-1) А1
Џонсон Мети: Никола Николовски 16’ 38’ Слободан Чичаковски 14’
А1: Кристијан Бојлески 5’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со отворена игра атакуваа кон противничкиот гол. Прва резултатот го отвори екипата на А1 со погодок на Бојлески во 5та минута од полувремето и успеа да поведе со 0-1. Ова ја примора екипата на Џонсон Мети да го потигне темпото на игра и притисне кон голот на противникот што им донесе одлични шанси но недостасуваше завршница. Во продолжение на полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да го израмни резултатот со погодокот на Чичевски во 15та минута, а до полувремето успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста и израмнета игра, екипата на А1 во игра внесе голман играч со цел да дојде до израмнување на резултатот. Екипата на Џонсон Мети одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесен пробив на екипата на А1, а преку контра напади успеаваше да дојде до изгледни шанси за реализација. Екипата на Џонсон Мети успеа со вториот погодок на Николовски да ја зголеми предноста на 3-1 предност која успеа да ја сочува до крајот на натпреварот.
ЕЛЕМ со одлична реализација до победа над Транском
ЕЛЕМ 9-4(4-1) Транском
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 35’ Синиша Ковечевиќ 5’ 15’ Душан Спасеноски 16’ 31’ 37’40’ Тихомир Груевски 20’ Лирдон Кадриу 33’
Транском: Бојан Мирчевски 28’ Фисник Реџа 19’ Керим Реџа 36’ Марко Недески 40’
Екипата на ЕЛЕМ одлично го започна наптреварот против екипата на Транском со погодок на Ковачевиќ во раната фаза на полувремето 5та минута. По ова рано водство на ЕЛЕМ екипата на Транском започна со нешто поотворена игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот, ова ЕЛЕМ го искористи за да ги пронајде пукнатините во одбраната на Транском и да го зголеми своето водство. Екипата на Транском успеа преку погодок на Реџа во 19та минута успеа да намали на 3-1, но ЕЛЕМ во самата завршница на полувремето успеа да реализира за предност од 4-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Транском не успеваше да најде решение за денес расположениот противник. Во финишот од натпреварот екипата на Транском успеа да резлизира неколку погодоци но само за да го ублажи поразот во овој натпревар со 9-4.