Бизнис лига: ВДЛ Ван Хоол со Наумовски на голот до победа над Матрикс

by riste
5 минути читање

Макпетрол ја искористи кратката клупа на Џонсон Мети за победа во овој дуел

Макпетрол 16-2(9-1) Џонсон Мети

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 3’ Бенер Бекиовски 19’ Филип Митков 9’ Баже Тодоровски 17’ Горан Новаковски 2’ 8’ 22’ Виктор Доневски 13’ 16’ 32’ 33’ Боце Ефремов 4’ Никола Секулоски 24’ 27’ Небојша Прленда 23’ 39’

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 23’ Дарко Ѓурчиновски 9’

Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Макпетрол и Џонсон Мети. Екипата на Макпетрол имаше одличен почеток со погодок во раната фаза од натпреварот поточно во втората минута од полувремето со реализација на Новаковски на кого само минута подоцна му се приклучи Ѓоргиовски за водство од 2-0. Екипата на Макпетрол со одлично поставена игра на средината на теренот често успеваше да дојде до отворени шаниси за погодок пред голот на противникот. Екипата на Џонсон Мети со голман играч се обиде да ја намали резултатската разлика но Макпетрол одлично ја постави играта во одбраната и успеваше да ја казни секоја грешка на противникот. До полувремето екипата на Макпетрол успеа да дојде до солидна предност од 9-1. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети се обиде со брзи контра напади да се врати во натпреварот, но екипата на Макпетрол не дозволуваше лесни продори на противникот. Кај екипата на Џонсон Мети воочлива беше кратката клупа и немањето играч повеќе во ротација, што екипата на Макпетрол вешто го искористи за со чести ротации да ја одржува свежината во своите редови. Екипата на Џонсон Мети не успеваше да најде решение за денес расположените Макпетрол кој на крајот од овој натпревар славеа со убедливи 16-2.

Леар со колективна игра до победа над А1

Леар 8-1(4-1) А1

Леар: петар Стојковски 2’ Робертино Златевски 13’ 20’ Марјан Ѓорѓиески 21’ 32’ Благојче Симјановски 10’ 33’ Драган Ѓорѓески 29’

A1: Фати Јахи 19’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Леар и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со високот темпо на игра. Екипата на Леар прва го отвори резултатот со погодокот на Стојковски во втората минута од полувремето. Ова рано водство на екипата на Леар и даде дополнителен мотив да продолжи во високо темпо на игра да се заканува кон противничкиот гол што им донесе предност од 3-0 до 13та минута од полувремето. Во продолжението на полувремето екипата на А1 со погодок од белата точка на Фати Јахи успеа да намали на 3-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Леар успеа да ја врати предноста од три погодоци па на паузата замина со позитива од 4-1. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра, екипата на А1 во своите редови внесе голма играч со цел да се обиде да ја нулира резултатската предност на Леар. Но ваквата отворена игра ја искористи противникот за преку брзи контра напади од минута во минута ја зголемува резултатската предност. До крајот на натпреварот екипата на Леар ја имаше контролата врз играта и резултатот па од тука и високата победа од 8-1.

ВДЛ Ван Хоол со Наумовски на голот до победа над Матрикс

ВДЛ Ван Хоол 6-2(2-0) Матрикс

ВДЛ Ван Хоол: Димче Андов 19’ 33’ Валентино Трајковски 7’ 28’ Живе Ѓорѓиевски 26’ 38’

Матрикс: Предраг Стојмировиќ 40’ Драган Брњарчевски 40’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ВДЛ Ван Хоол и Матрикс, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра во високо темпо. Екипата на ВДЛ Ван Хоол прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Трајковски во 7та минута од полувремето. Ова ја примора екипата на Матрикс да започне со нешто по отврена игра и да врши константен притисок во предно поле со цел да дојде до израмнување на резултатот. Сепак екипата на ВДЛ Ван Хоол одлично ја постави играта во одбраната и преку брз контра напад во завршницата од полувремето со погодок на Андов успеа да ја зголеми предноста на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со вршење силен притисок во предно поле и често доаѓаше до изглени шанси за гол, но екипата на ВДЛ Ван Хоол на голот го имаше Наумовски кој вечерва беше на ниво на задачата и успеа одлично да ја сочува својата мрежа од налетите на Матрикс. Екипата на ВДЛ Ван Хоол со брзи контра напади успеваше да ја зголему врезултатската предност која до 38та минута од полувремето изнесуваше високи 6-0. Во самата завршница екипата на Матрикс конечно успеа да ја реализиза со погодоците на Стојмировиќ и Брњарчевски за убалжување на поразот на 6-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани