Бизарната страна на новиот формат на ЕП: Франција е осминафиналист, без ниту еден нивни играч да даде гол!

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Франција веќе има четири бода и е осминафиналист на Европското првенство. По победата над Австрија и ремито со Холандија, „триколорите“ и „лалињата“ се сигурни во следната фаза, но засега не се знае од која позиција ќе одат во нокаут рундата.

Бизарноста на новиот формат на Европското првенство со третопласирана репрезентација да има шанси за пласман уште еднаш доаѓа на виделина.

Франција во првите две кола даде само еден погодок и тоа беше автогол на Максимилијан Вебер од Австрија. Така, „триколорите“ се сигурни во осминафиналето иако ниту еден нивни фудбалер нема постигнато погодок на турнирот во Германија.

Досега ова Европско првенство го одбележаа автоголовите бидејќи досега ги има вкупно седум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани