Беќири: Разочарани сме од елиминацијата…

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија доживеаја елиминација во првото квалификациско коло на Конференциската лига, откако двапати загубија од дебитантот Ноах.

Ерменците по домашниот триумф од 2-0, славеа и на реванш мечот во Скопје со 1-2. По поразот и елиминацијата, тренерот на тетовчани Јетон Беќири го изнесе своето размислување.

Мислам дека не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Во одредени моменти, дури и кога имавме можност да постигнеме гол и да се надеваме на повеќе, пропуштивме неколку чисти шанси. На ваквите натпревари неискористените шанси се казнуваат. Секоја грешка се казнува на најлош можен начин. Ќе разговараме со фудбалерите, ќе анализираме и важно е да учиме од грешките. Нема сомнеж дека елиминацијата во првото коло е разочарувачка за Шкендија, бидејќи очекувањата беа и секогаш ќе бидат поголеми“, изјави Беќири.

Шкендија сега ќе може да се насочи кон Првата македонска фудбалска лига, меѓутоа доживеа нов неуспех на меѓународната сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани