Бешикташ со неверојатни 5-0 го победи Галатасарај во Суперкупот на Турција, фантастично деби за црно-белите имаше Чиро Имобиле кој беше стрелец на два гола.
По само 22 секунди игра Имобиле постигна гол и го најави дебаклот на Галатасарај. 1-0 беше резултатот од првото полувреме.
Поминаа осум минути игра во вториот дел кога Свенсон реализираше за предност на Бешикташ од 2-0.
Во 81. минута Имобиле постигна гол од пенал за убедлива предност од 3-0. Веќе се знаеше кој ќе биде победникот на овој меч.
За ситуацијата да биде уште полоша, Нелсон заработи црвен картон во составот на Галатасарај.
Бешикташ тоа го искористи за да го дотолчи противникот, во судиското продолжение Рафа Силва и Хекимоблу дадоа голови за победа од 5-0.