147
Шпанскиот фудбалер Дани Гуиза и на 43 години уште игра активно фудбал. Иако аматерски, тој сепак се активен и не се откажува од својата кариера.
На 43-годишна возраст Гуиза потпиша договор со екипата на УД Ротен, која се натпреварува во шестата лига на Шпанија. Тие го промовираа искусниот фудбалер во своите редови и напишаа: „Европскиот првак ќе ни донесе искуство и голови“.
Инаку, Дани Гуиза своевремено беше првак на Европа со Шпанија во 2008 година. Постигна два гола на патот кон трофејот.
На клупски план најдобрата сезона ја имаше во 2007/08 кога за Мајорка беше најдобар стрелец во Ла Лига со 27 гола.