312
Екипата на француски Лориент по крајот на сезоната во Лига 1 беше исфрлен меѓу второлигашите. Овој тим во последното коло славеше со 5-0, меѓутоа и тоа не беше доволно да го прејде Мец и во следната сезона ќе играат во Лига 2.
Навивачите беа бесни, а својот бес го исфрлија кон една од најголемите ѕвезди на тимот – Бенџамин Менди. Станува збор за фудбалерот кој беше обвинет за шест силувања и мина период во затвор. Сепак, судот во Лондон го ослободи од вина и Менди се врати на спортот, а шанса доби токму од Лориент.
По натпреварот со Клермон, група навивачи при заминувањето од стадионот вербално го нападнаа играчот. Тие му довикуваа да си замине од Лориент и дека е силувач, а тој не изреагира.