Беса промовира две искусни имиња за дебито во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Беса 1976 во следната сезона ќе дебитира во Првата македонска лига.

Новајлијата кој беше шампион во ВМФЛ покажа дека има сериозни амбиции и промовира две искусни имиња, Костадин Захов и Меџит Незири.

Ветеранот Захов ќе ја продолжи кариерата во Беса, откако мина сезона во Воска Спорт. 36-годишникот се прослави бранејќи за Шкендија, а имаше настапи и за Брегалница, Турново, Вардар и Беласица.

Од друга страна, Меџит Незири доаѓа во Беса од редовите на шампионот Струга. 33-годишниот дефанзивец претходно настапуваше за Шкендија и Ренова, а во странство играше за Дачиа и Вентспилс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани