Бернал успешно опериран, за него сезоната е завршена

by riste
0 минути читање

Младиот фудбалер на Барселона, Марк Бернал ги оперираше лигаментите на коленото поради кои ќе паузира цела сезона.

Бернал беше дел од стартниот состав на Ханси Флик на почетокот од сезоната, но заработи тешка повреда.

Медицинските тестови покажаа дека ги скинал лигаментите на коленото поради што денеска му беше извршена операција.

Барселона соопшти дека тој е успешно опериран и ќе паузира 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани