Бен Једер на судењето за силување се бранеше со – алкохолот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Висам Бен Једер е во процес на судење во Ница за сексуален напад врз непозната девојка.

Фудбалерот кој ова лето го заврши својот договор со Монако и во моментов е слободен агент може да заврши и зад решетки. Обвинителството за него бара казна затвор од две ипол години. Бен Једер бил уапсен на 6 септември минатата година, а пресудата се очекува на 12 ноември.

Самиот фудбалер реши да се одбрани од обвинението со фактот дека бил во алкохолизирана состојба.

Не се сеќавам на ништо, не можам да кажам дали сум го направил тоа. Поради алкохолот сум тука. Искрено ѝ се извинувам на жртвата, нејзиното семејство, моето семејство…

Поради алкохолот не се сеќавам на ништо, ми направи да престанам да размислувам… Сметам дека тоа беше најголемата грешка во мојот живот“, изјави Бен Једер пред судот.

Бен Једер иако во моментов има 34 години и е без клуб, нема во план да стави крај на кариерата. Веројатно ќе го почека исходот на судскиот процес, а потоа ќе реши што и како понатаму во животот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани