Бентанкур поради невнимателна шега може да добие драконска казна!

by 24 фудбал
1 минути читање

Родриго Бентанкур се соочува со сериозна казна од страна на Фудбалскиот сојуз на Англија.

Уругвајскиот фудбалер за време на собирот на репрезентацијата зборуваше за соиграчот од Тотнем, Хионг Мин Сон. Тој невнимавајќи кажа дека „сите луѓе од Јужна Кореја се горе-долу исти“.

Иако самиот Бентанкур веднаш му се извини на Сон и му кажа дека не мисли ништо лошо, а овој го прифати тоа сепак постои ризик од суспензија. ФА на Англија пронајде расистичка конотација во таа изјава и веќе е започната постапка против Уругваецот.

Суспензијата за таквиот испад веројатно ќе биде драконска. Се зборува дека Бентанкур може да добие казна од седум натпревари неиграње за Тотнем. Тоа значи дека Постекоглу нема да може да смета на него практично до крајот на годината, односно ќе се врати пред на Боксинг Деј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани