497
Низ улиците на Мадрид денеска се одржува шампионската парада на фудбалерите на Реал, а интересен беше дијалогот меѓу Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
Белингем и Винисиус беа заедно на автобусот кога новинарот од клупската телевизија дојде кај нив.
„Јас сум тука со БЕЛИГОЛ“, рече Винисиус.
„Јас сум тука со најдобриот фудбалер во светот“, рече Белингем.
„Тој е најдобриот“, додаде Винисиус покажувајќи накај Белингем.
„Не, не“, врати Англичанецот.