Фудбалската репрезентација на Белгија ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Словачка во терминот од 18:00 часот.
Рокот за пријавување на евентуални резерви за турнирот Белгијците го достигнаа в недела, на ден пред натпреварот со Словаците. Селекторот Доменико Тедеско го искористи тоа и во тимот го вкрсти и повредениот Томас Мение.
„Ќе може да се приклучи на тимот за седмица и половина. Не сакав да се откажам од Мение бидејќи тој покажа огромна мотивација за да биде тука. Мило ми е што повредата не е тешка и што може да стигне да допатува во Германија“, прокоментира Тедеско.
Искусниот бек на Трабзонспор (каде што ја дели соблекувалната со Енис Барди) ќе биде дел од тимот на Белгија за нокаут фазата. Тој ќе ги скокне првите два меча од групите против Словачка и Романија, меѓутоа би можел да биде во комбинација за настап против Украинците на 26 јуни.
Исто така повредите ги надминуваат Јан Вертонген и Артур Теат, па се очекува да бидат дел од тимот на Белгијците уште во групната фаза.