Белгија без својата „единица“ на Европското првенство

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Доменико Тедеско, потврди дека на претстојното Европско првенство нема да може да смета на својот прв голман и еден од најдобрите поединци во тимот.

Тибо Куртоа сезонава мака мачи со повреди. Непосредно пред стартот на сезоната 31-годишниот голман ги повреди лигаментите и поради тоа оттогаш е надвор од терените. Првпат оваа сезона Куртоа беше дел од протоколот за време на првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Сепак, и покрај тоа Тедеско потврди дека нема да смета на услугите на Куртоа за Европското првенство. Лекарскиот тим на белгиската репрезентација во консултација со Реал Мадрид утврдиле дека не е добро да се ризикува со повикување на Куртоа за подготовките и настапот на континенталниот собир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани