Една од легендите на Манчестер Јунајтед од почетокот на овој милениум, Дејвид Бекам, во гостување на поткаст посветен на клубот зборуваше за моменталната ситуација. Славниот Англичанец кој своевремено беше најдобар фудбалер на Јунајтед и го водеше до трофеи, а беше дел од тимот кој освои „триплета“ во 1999 година.
Бекам искрено зборуваше на оваа тема, нагласи дека предолго се провлекуваат исти проблеми во Јунајтед и како навивач и поранешен играч посака побрз излез од кризата.
„Имавме навистина тежок период од пет или десет години, но се знаеше дека ќе биде така кога шефот ќе замине од клубот (Сер Алекс Фергусон). Не е само во тоа работата, изгубија играчи како Рајан Гигс, Рој Кин, Гери Невил кои предолго беа во Јунајтед. Губите дел од клубот во такви моменти. Се знаеше дека ќе биде тешко. Сепак, сите сакавме тоа да се реши побргу, оваа состојба трае веќе предолго“, искрено прокоментира Бекам.
Инаку, во моментов Дејвид Бекам е сопственик на Интер Мајами, клуб од МЛС лигата во кој настапува Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба, Бускетс…