302
Натпреварот меѓу Хајдук и Динамо Загреб на „Пољуд“ имаше и некои неубави сцени и моменти.
На стартот на второто полувреме гостинската публика, односно Бед Блу Бојс при еден корнер на домашните на нивната страна од трибините почнаа да фрлаат со пиротехника.
Голем број на факели завршија на теренот, а тоа беше опасно бидејќи можеше да настрада хрватската легенда Иван Ракитиќ кој требаше да изведе корнер. За среќа тој навремено забележа што се случува и се повлече од изведувањето.
По неколкуминутна пауза ситуацијата беше решена, а теренот исчистен.