Бед Блу Бојс со транспарент пред Максимир му кажаа на Динамо што сакаат оваа сезона (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Денеска почнува новата сезона од хрватското првенство, а на отворањето Динамо Загреб игра против Истра 1961, меч кој почнува од 21 часот.

Динамо Загреб минатата сезона стана шампион во интересна сезона, а навивачите сакаат титула и оваа.

Навивачката група Бед Блу Бојс истакна транспарент на кој пишува: „Сакаме титула и оваа година“.

Оваа година значително се засили и Хајдук кој предводен од Гатузо исто така ќе ја брка титулата, па се очекува нова интересна сезона во хрватското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани