Бајчетиќ е пред потпис со Салцбург, но во трката неочекувано се вклучи Барселона!

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ треба да потпише на едногодишна позајмица во Салцбург, но во последен момент во трката се вклучува во Барселона.

Ова го потврди неговиот татко, кој сега не знае што ќе се случи.

„Не очекувавме дека Барселона ќе се вклучи во трката, се беше подготвено за потпис со Салцбург. Но немаме инфо што ќе се случи сега“, вели таткото на Бајчетиќ.

„Јас сакам Стефан да игра за топ клуб како Барса или Ливерпул, тој е подготвен за врвни клубови“.

Се верува дека сепак Бајчетиќ ќе потпише за Салцбург, Барселона нема да може да биде конкурентна поради финансискиот фер-плеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани