Eкипата на Барселона ќе мора нешто и да продаде ова лето, а еден од оние кои би можеле да ја наполнат касата е Френки Де Јонг.
Раководстото на Барселона наводно побарало од холандскиот фудбалер да ја прифати понудата за заминување ова лето. Каталонците сакаат тој да замине за да ослободат простор за нови имиња.
Поради финанските проблеми Барселона не може да доведува нови играчи ако пред тоа не продаде некоја од клупските ѕвезди.
„Барселона очајнички сака да се ослободи од Френки Де Јонг. Го понудија на бројни клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед. Спремни се да го продадат и за понуда од 35-40 милиони евра“ објави „Ел Национал“
Причината поради која Барса сака за ваква цена да го продаде Холанѓанецот е неговата плата која изнесува 600.000 евра месечно.
Во Барселона, Де Јонг пристигна во 2019 година за сума од 86 милиони евра од Ајакс.