Барселона ја „блиндира“ младата ѕвезда до 2029 година

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Фермин Лопез потпишува нов договор.

Каталонскиот гигант заврши голема рабоа, па го „блиндира“ младиот и талентиран играч за врска со долг договор. Лопез стави потпис на соработка до 2029 година во која со сигурност ќе има огромна откупна клаузула.

21-годишникот Фермин Лопез настапува на позицијата централен играч за врска. Сепак, тој може да покрие повеќе позиции на теренот, игра поофанзивно на средината, но може да биде по потреба и крило.

Сезонава Лопез има шест настапи за Барселона откако се врати по повреда и главно влегуваше од клупата. Вкупно во првиот тим на Барса има 48 натпревари на кои постигна 11 гола и забележа три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани