Барселона „трие“ раце и навива за Јувентус да го купи Тодибо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Барселона ќе профитира од трансферот на Жан Клер Тодибо од редовите на Ница во Јувентус.

Францускиот стопер е поранешен играч на Барселона, а во договорот за неговата продажба каталонскиот клуб вметна клаузула според која ќе добие процент од следна продажба. Се работи за 20% од целосната сума на трансферот, па и каталонскиот клуб „трие“ раце за зделката на Французите и Италијанците.

Целосната сума на трансферот ќе достигне 35 милиони евра, меѓутоа Јуве сега би платил само пет, додека другите би дошле следното лето.

Тоа значи дека и Барселона би заработела ова лето еден милион, додека следното лето би добила повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани