Барселона со оригинално видео го претстави новиот дрес: Тука се Роналдињо, Иниеста и Пујол (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона утрово со оригинално видео ги претстави дресовите со кои клубот ќе игра во наредната сезона, а истиот многу потсетува на оној од сезоната 2006/2007.

Во видеото кое трае скоро две минути се појавуваат сегашните фудбалери на Барселона, фудбалерки од женскиот тим на каталонскиот гигант, но и големи имиња кои во минатото го носеле дресот на Барселона.

Така започнува со Роналдињо, а завршува со Карлес Пујол, додека во меѓувреме се појавува и Андрес Иниеста.

Кога во прашање е изгледот на дресот од покрупните разлики ги нема ригите и место тоа традиционалните бои на каталонскиот гигант се поделени на половина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани