Барселона со „минималец“ против Хетафе остана максимална во Ла Лига (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона ја запишаа и седмата победа во исто толку натпревари во Ла Лига сезонава. На домашен терен каталонскиот гигант го совлада Хетафе, минимално со 1-0.

Избраниците на Ханси Флик добро изменаџираа со силата, но доминантно го надиграа противникот во Барселона. Стрелец на единствениот погодок за каталонскиот тим беше Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач во 19. минута го матира гостинскиот голман и донесе предност за Барселона која се испостави како клучна до крајот на средбата. Одигра фаворитот добар натпревар, меѓутоа мрежите до крајот на средбата мируваа.

Со максимален 21 бод Барселона е на врвот во Ла Лига пред Реал Мадрид кој има 17, Атлетик Билбао следи со 13… Од друга страна Хетафе со четири бода е претпоследен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани