Барселона со два гола на Фермин Лопез славеше против најслабиот тим во Ла Лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона вечерва славеше победа од 0:2 против најслабиот тим во Ла Лига сезонава Алмерија.

Алмерија од поодамна веќе е со мислите во втората шпанска лига, а Барселона вечерва рутински ја одработи задачата и ги освои трите бода.

Победата за Барселона ја обезбеди Фермин Лопез кој ги постигна двата гола, по еден во двете полувремиња.

Со овој триумф Барселона сега со 79 бода е на четири бода предност во однос третопласираната Жирона. До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште две кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани