Проблемите на финансиски план во Барселона не се никаква новост, а продолжуваат да се протегаат од година во година.
Иако тимот е во проблеми, се пронаоѓаат решенија за засилувања и за работа на првиот тим. Ханси Флик дојде на клупата наместо Чави, а се очекуваат и нови имиња за неговиот тим.
Барселона има една „луда“ идеја како да заштеди пари. Имено, Роберт Левандовски кој има 36 години во следната сезона ќе заработи 33 милиони евра, а за последната година од договорот ќе добие 26 милиони.
Сепак, клубот сака да ги заштеди парите за сезоната 2025/26. За тоа да го направи треба Левандовски да одигра помалку од 55% од натпреварите во таа сезона. Тоа во моментов е тешко да се замисли бидејќи полскиот напаѓач во моментов е неприкосновен на позицијата центарфор во Барса.