337
Барселона го информирала агентот Жорге Мендеш дека сака да го задржи Жоао Феликс и Жоао Кансело во тимот, но нема да биде лесно.
Ханси Флик дал зелено светло, Лапорта и Деко кројат план како да ги задржат. Преговори со Атлетико Мадрид и Манчестер Сити допрва треба да почнат.
Барселона е во финансиска криза, па не може да плаќа високо обештетување, мора да се бара креативен начин како да се дојде до тоа.
Еден од начините е да се продолжи позајмицата за уште една сезона, друг начин е со размена на фудбалери. Сепак многу ќе зависи од расположението на Манчестер Сити односно Атлетико Мадрид.