1,3K
Барселона испушти победа на гостувањето кај Бетис (2-2) и тоа во 94. минута од 16 рунда на Ла Лига.
Водеше двапати Барса на ова гостување, меѓутоа на крајот мораше да се задоволи со бод на ова гостување. Резултатот го отвори Роберт Левандовски со гол за 0-1 во 39. минута.
Бетис се врати со голот од пенал на Ло Селсо, а потоа Феран Торес одново ја однесе Барселона во позитива (1-2). Сепак, во четвртата минута од судиското продолжение Асане Диао го донесе израмнувањето.
Голот на Бетис дојде со пета, откако Руибаи му нафрли, па го измами Пења за конечните 2-2.