Барселона е уверена дека може да го реализира трансферот на Дани Олмо, но преговорите запнаа, германскиот клуб има тврд став и нема намера да попушти.
Откупната клаузула на Олмо истече, но тој има џентлменски договор со Лајпциг да биде прифатен трансфер за сумата која беше во откупната клаузула, односно 60 милиони евра.
Манчестер јунајтед и Баерн Минхен се интересираат за Олмо, но тој преферира да оди во Барселона.
Каталонците понудиле 40 милиони евра плус 20 милиони евра во бонуси, веднаш биле одбиени. Лајпциг таквата понуда ја сметал за навредлива.
Барселона нема намера да плати 60 милиони евра за Олмо, тие веруваат дека уште можат да преговараат и да ја намалат сумата.
Лајпциг ако реши да попушти, тоа ќе биде под притисок на Олмо, но останува да се види како ќе се развива ситуацијата.