Барселона моќна, со „петарда“ ја испрати Севиља! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона одигра моќна партија и ја декласира Севиља со 5-1 во рамките на 9 коло на Ла Лига.

Натпреварот во Каталонија мина во знакот на домашниот тим кој забележа огромна победа над тимот кој до пред неколку години беше еден од најнезгодните шпански ривали.

Роберт Левандовски го постигна првиот гол на мечот во 24 минута од пенал, а бргу потоа Педри зголеми на 2-0. До полувремето уште еднаш полскиот голгетер ја смести топката во мрежата на Севиља.

Следеше помирен период со доста замени, а на голови се чекаше до последните десет минути. Младата надеж Пабло Торе се истакна бидејќи влезе од клупата и постигна два гола во 82 и 88 минута, додека единствениот гол за Севиља го даде Идумбо.

Оваа победа ја одлепи Барса на врвот на табелата со 27 бода, односно три повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани