Барселона како замена за Левандовски доведува напаѓач кој постигна 99 гола во четири години?

by Стефан
1 минути читање

Барселона се уште верува во Роберт Левандовски, но управата мора да размислува и за алтернативи бидејќи полскиот голгетер го стигнуваат и годините.

Каталонските медиуми пренесуваат дека опција за Барселона може да биде напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид. Канаѓанецот е во својата последна година од договрот што значи дека наредното лето може да пристигне бесплатно, но и во јануари не би бил премногу скап.

Станува збор за еден од најконстантните напаѓачи во Франција во изминатите четири години, а има само 24 години.

Ако ја погледнеме неговата статистика во последните четири години постигна 99 гола (33, 30, 19 и 17).

Сезонава постигна седум гола и запиша две асистенции на 11 натпревари што значи дека повторно најавува одлични бројки. Францускиот тим за него во 2020 година плати сума од 27 милиони евра на белгиски Гент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани