Eкипата на Барселона покажала интерес за доведување на Н’Голо Канте, пренесува познатиот новинар Тони Хуанмарти.
И покрај тоа што има 32 години и што игра во Саудиска Арабија на Европското првенство Канте покажа дека се уште може да игра на високо ниво. Тој беше еден од најдобрите фудбалери на турнирот во Германија.
Во претходните денови се пишуваше дека Вест Хем понудил 25 милиони евра, но Ал Итихад не сака да се откаже од Французинот, па оваа понуда била одбиена. Канте и самиот не инсистирал премногу на овој трансфер.
Сепак, ако во игра се вклучи Барселона ситуацијата би можела да се промени. Барселона би се обидела да го доведе на позајмица со право на откуп бидејќи финансиски се ограничени. Исто така прва мета на каталонскиот клуб е Нико Вилијамс на кого како што стојат работите ќе ќе потрошат 60 милиони евра.
Ал Итихад не е премногу заинтересиран за опцијата со позајмица, па затоа тоа е малку веројатно, освен ако Французинот не притисне за преселба во Каталонија.