По три натпревари без триумф во Ла Лига, Барселона конечно победи откако славеше на гостувањето кај Мајорка со убедливи 5-1.
Барселона во Мајорка допатува со лоша серија од последните три натпревари во Ла Лига, каталонците имаа два порази и едно реми.
Ламин Јамал се врати во стартниот состав на Барселона, а со тоа дојдоа и победите.
Резултатот беше отворен уште во 12. минута кога Торес најдобро се снајде во една мешаница и реализираше за водство на Барселона од 1-0.
Пред крајот на првото полувреме Муричи успеа да го изедначи резултатот. 1-1 беше на полувремето.
Во 56. минута Рафиња погоди од пенал кој беше направен по старт врз Јамал.
Дилемите околу победникот беа решени во 74. минута кога Ламин Јамал со фантастична асистенција го проигра Рафиња кој даде нов гол за предност на Барса од 3-1.
На 4-1 зголеми Де Јонг во 79. минута, а пет минути подоцна Виктор ги постигна конечните 5-1.