170
Иднината на Илкај Гундоган по сè изгледа ќе биде надвор од Барселона. Во првото коло на Ла Лига тој не беше дел од тимот, а веќе и клубот му бара нова средина.
Според информациите од Шпанија, Барселона го нуди Гундоган во Саудиска Арабија. Поточно се работи за тамошниот Ал-Наср каде што игра Кристијано Роналдо. Саудијците размислуваат за опцијата да го доведат искусниот играч за врска, а самиот Гундоган има друга идеја.
Фабрицио Романо откри дека Манчестер Сити е потенцијално старо-нов дом за Гундоган. „Граѓаните“ немаат ништо против да го вратат Германецот во своите редови, а зелено светло за такво нешто дал и Пеп Гвардиола.
Гундоган беше дел од Манчестер Сити од 2016 до 2023 година.