281
Баерн Минхен ќе добие нови 1,25 милиони евра како дел од договорот со Барселона за продажба на Левандовски.
Тоа е дел од клаузулата на договорот според која секоја сезона во која Левандовски ќе постигне над 25 голови во сите натпреварувања, Барселона ќе му плати 1,25 милиони евра на Баерн Минхен.
Така беше минатата сезона, а така ќе биде и по оваа бидејќи Левандовски повторно ја надмина бројката.
Овој бонус е активен и за наредните две сезони колку што трае договорот на полскиот напаѓач со Барселона.