Барса со пораз се враќа од Баскија, ама дали беше оштетена за гол? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона по седум победи во низа претрпеа неуспех на гостувањето во Баскија кај Реал Сосиедад (1-0) во 13 коло на Ла Лига.

Овој натпревар започна големи полемики, бидејќи се дебатира за поништениот гол на Роберт Левандовски. Течеше 13 минута кога полскиот напаѓач погоди, а тогаш ВАР собата укажа на недозволена позиција.

Сепак, фотографиите од полуавтоматскиот офсајд се многу нејасни, односно постои можност одлуката на технологијата да е грешна. Левандовски беше во дуел со Агерд, чија нога изгледа како да е најблизу до голманот, но нема јасна слика за моментот. Поради тоа навивачите на Барселона нагласија дека се сериозно оштетени во Сан Себастијан.

Инаку, човек на одлука на овој натпревар беше Шералдо Бекер кој во 33 минута го постигна единствениот гол на средбата (1-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани