Минатата сезона Жоао Феликс настапуваше за екипата на Барселона како позајмен од Атлетико Мадрид.
Каталонскиот гигант имаше клаузула според која можеше да го откупи, меѓутоа не ја активира и Португалецот се врати на „Ванда Метрополитано“. Сепак, тешко е да се верува дека Феликс може пак да игра за Атлетико, особено по сите глупости минатата сезона. Навивачите го прогласија за предавник, а тој кога даде гол против својот клуб бурно го прослави.
Поради тоа се бара опција за неговата иднина. Една од заинтересираните екипи е Астон Вила. Тимот на Унаи Емери остана без Муса Диаби кој се пресели во Ал-Итихад за 60 милиони евра, па Англичаните можат да потрошат дел од парите за трансферот на Жоао Феликс.
Атлетико сака да го продаде, но нема да дава попуст особено не на англиски тимови.