Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона му порачала на 21-годишниот Ансу Фати дека ова лето мора да го напушти клубот.
Фати важеше за толку голем талент што Барселона одлучи да му го даде „тешкиот“ број десет кој го носеше Меси. Но, младиот фудбалер не се развиваше како што треба, за тоа удел имаа и повредите.
Анси Фати беше пуштен на позајмица во Брајтон, но се надеваше дека кога ќе се врати ќе фати место во Барселона, сепак тоа не се случи.
Ханси Флик не смета на Фати, а Барселона сака да се ослободи од него бидејќи има огромна плата.
На Барса нема да и биде лесно да го продаде Фати бидејќи неговата бруто плата изнесува 14 милиони евра годишно.
Опција е и позајмица, има неколку шпански и турски клубови кои сакаат да го ангажираат на позајмица. Еден од нив е и Фенербахче каде што тренер не Мурињо.
Пред три години според „Трансфермаркт“, Фати вредеше 80 милиони евра, сега неговата вредност е падната на 25 милиони евра.